Нашите граници се обезбедени од најмоќните 29 земји на светот. Имаме меѓународна гаранција и сигурност на нашите граници со нашето де факто зачленување во НАТО. За прв пат седиме на иста маса со клучните држави кои го обликуваат денешниот свет.
Таков исчекор е незапаметен. Сега треба да продолжиме напред, кон ЕУ, да ги отвориме можностите и да ја обезбедиме иднината, порача кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вечерва во Неготино.
– Крупни чекори се направија во изминатите 2 години. Сега е време напредокот да продолжи, тие крупни чекори да им дадеме реална вредност на домашен план, во делот на економијата и подобриот живот.
Пред некој ден е исправена неправдата кон лозарите од овој крај. Исплатени се парите кон повеќе од 2.000 лозари од тиквешкиот регион за предадено, а не платено производство во претходните години.
Обезбедени се 424 грантови за младите земјоделци од по 10.000 евра за да за почнат сопствен агро-бизнис. Тоа се позитивни трендови. За да ги продолжиме, јас би рекол за да ги засилиме, потребно е да продолжиме напред, додаде Пендаровски.
Пендаровски повика на масовна излеснот на изборите за да продолжи напредокот.
– Само доколку продолжиме напред ќе осигураме членство во ЕУ. Тоа ќе ги отвори можностите за пристап до огромните фондови на Унијата за земјоделството и ќе даде шанса за пласманот на нашите производи на пазарот од 500 милиони жители.
Затоа е важно да продолжиме напред, рече Пендаровски.