Велика Британија на 23 мај ќе одржи избори за Европскиот парламент

Од:

Велика Британија го одреди 23 мај за датум на кој ќе одржи избори за Европскиот парламент, со надеж дека нема да мора да ги организира три години после референдумот за излез на земјата од Европската унија.

– Владата се уште планира да излезе од ЕУ со договор и да ги донесе неопходните закони пред 22 мај, за да не мораме да учествуваме на европските избори, изјави претставник на Владата.

Британската премиерка Тереза Меј вчера имаше телефонски разговори со некои европски функционери, пред утрешниот вонреден самит на лидерите на ЕУ посветен на Брегзит.

Премиерката денеска ќе ги посети Берлин и Париз каде ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија