(ВИДЕО) Костадинов: Колкy чинат и во кој извештај Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ ги пријавиле луксузните лустери?

Од:

„Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава.

Од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери?

Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка“, прашува Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации.

Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?

Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски