Пендаровски од Ѓорче Петров: Во мојот мандат нема да амнестирам криминалци

Од:

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ѓорче Петров, говореше за евроатлантските интеграции, за иднината на младите, за концептот-едно општество за сите.

„Пред две години дојде нова генерација политичари, меѓу кои се сметам и јас, кои не се грижеа за политичкиот рејтинг туку работеа да ги отворат вратите за младите да имаат поубав живот и стандард. Направивме чекори кои не донесоа поблиску до Европа. Склучени се договорите со Бугарија и со Грција, ако продолжиме ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи овие политичари водат сметка не за партијата, туку за народот. За нас најважната партија е Република Северна Македонија“, рече Пендаровски.

Потсети дека зад неговата кандидатура застанале граѓаните, пратеници и 30 политички партии од сите етнички заедници.

„Неколкумина украдоа се, ги наполнија торбите и заминаа и уште се бориме со финансиската руина која ни ја оставија. Многу сме блиску до мнозинство за Закон за СЈО за да се продолжи со гонењето на криминалците кои треба и да ги вратат парите на народот. Во Кабинетот на оној кој се уште е таму, пристигнале барања за амнестија за упадот во Собранието. Ветувам, во мојот мандат нема шанса да амнестирам криминалци, особено не на оние кои сакаат да убиваат граѓани“, рече Пендаровски.

Пендаровски рече дека Иванов 8 години бил нем посматрач а последните две години кочи се што власта прави за доброто на народот. Вети дека се ќе биде поправено во првите денови на неговиот мандат и ќе му биде вратено на народот она што му припаѓа.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“