Џејмс Харден се нареди до Мајкл Џордан, се разбира, од чисто статистички аспект на играта. Ѕвездата на Хјустон се нареди веднаш до можеби најголемото име во историјата, откако на натпревар пред крајот на регуларната сезона си загарантира просечни индикатори од 30 поени, 7 асистенции, 5 скокови и 2 украдени топки.
Досега ова го постигна само легендата на Чикаго Булс, кој во сезоната 1989/1989 имаше просек од 32,5 поени, 8,0 скока, 8,0 асистенции и 2,9 украдени топки во 82 натпревари. 30 години подоцна, во сезоната 2018/2019, „Брадата“ има просек од 36.1 поени, 6.6 скокови, 7.6 асистенции и 2.0 украдени топки во натпревар.
Харден го повтори Ем Џеј и во друг аспект – тие се единствените играчи во историјата на Лигата кои имаат барем 2.700 поени, 500 асистенции и 500 скокови во една сезона. Ако ги тргнеме скоковите надвор од равенката, единствениот друг играч со 2.700 поени и 500 асистенции во една кампања е Нејт Арчибалд.
Харден, исто така, има 56 натпревари со 30 или повеќе поени оваа сезона, со што израмни врвно постигнување во последниве 30 години, кое се држи од Коби Брајант, кој го забележа во сезоната 2005/2006