„Бомба“ во НБА: Харден оди во Бруклин кај Ирвинг и Дјурент, мега-размена на играчи од четири клуба

Од:

Во една од најголемите размени на играчи во последните сезони, суперѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, ќе се пресели во редовите на Бруклин Нетс, каде заедно со Кајри Ирвинг и Кевин Дјурент ќе го формира најопасното трио во лигата.

Размената на Харден беше извесна веќе неколку недели, откако почнаа шпекулациите дека тој сака да си оди. Најкорисниот играч (МВП) на НБА од пред три сезони вчера на прес-конференција и директно кажа дека не е задоволен во Хјустон, каде мина девет сезони, и дека сака да оди во тим што има поголеми шанси да освои шампионска титула.

За да се исполни барањето на 31-годишната ѕвезда, во размената мораше да се вклучат дури четири клуба: Французинот Виктор Оладипо од Индијана ќе се пресели во Рокетс, заедно со Данте Ексум и Родионс Куруч од Кливленд Кавалирс. Покрај ова, Хјустон добива и четири незаштитени пикови од првата рунда на драфтот, како и додатни пикови за размени.

Индијана Пејсерс ќе го добијат бекот-шутер Кејрис Леверт од Бруклин, заедно со еден пик од втората рунда на драфтот, како компензација за Оладипо.

Во Кливленд одат Џерет Ален и Ториан Принс од Бруклин, во замена за Ексум, Куруч и финансиска компензација.

Харден во Бруклин повторно ќе се спои со Дјурент, негов некогашен соиграч од тимот на Оклахома Сити Тандер, а Нетс, предводени од Стив Неш, со ова ќе имаат уште поголеми амбиции кон титулата. Тимот сега има врвни опции на позициите 1, 2 и 3, но со заминувањето на Џерет Ален останува многу „потенок“ на центарските позиции, каде го има ветеранот Диандре Џордан.

Харден во сезоните минати во Хјустон трипати беше најдобар стрелец на сезоната во НБА, а од клубот си заминува како рекордер на сите времиња во асистенции, изведени слободни фрлања, обиди за три поени и трипл-даблови. Тој е втор на вечната листа на клубот според постигнатите поени. Во 621 натпревар што го одигра за Хјустон Рокетс, просекот на Харден изнесува: 29.6 поени, 7.7 асистенции, шест скока и 1.8 украдени топки.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа