На Инфективната клиника 33 пациенти со морбили, еден во потешка здравствена состојба

Од:

Еден пациент е во потешка здравствена состојба со белодробна тромбоемболија како компликација од морбили, и е хоспитализиран на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести.

Со компликации од морбили хоспитализирани се и три деца и двајца возрасни кои имаат пневмонија, информираат од таа јавна здравствена установа.

Посочуваат дека четворица пациенти со морбили се прегледани вчера на Клиниката, од кои еден пациент на возраст од 34 години од Чаир за кого нема евиденција за неговиот вакцинален статус, е задржан на болничко лекување.

– Амбулантски се прегледани четворица возрасни, од кои двајца на возраст од 24 и 19 години за кои нема податоци за вакцинален статус. Другите двајца се од Студеничани и Драчево на возраст од 34 и 39 години исто така без податоци за вакцинален статус. На Клиниката има вкупно 33 пациенти, од кои 16 возрасни пациенти со морбили и 17 деца.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Секој суспектен случај на морбили да биде пратен на Инфективна или во ИЈЗ

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

13-месечното дете од Свети Николе заразено со морбили е во добра здравствена состојба

Ана Ололовска

Мехмедовиќ: Детето со морбили во добра состојба е пуштено на домашно лекување

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст

Ана Ололовска

Министерството за здравство, УНИЦЕФ и СЗО со заеднички апел – да се делува за да се спречи можна зараза со морбили

А1он