Обвинителството во Софија ќе ја истражува авионската несреќа кај Солунска глава

Од:

Обвинителството во Софија отвори предистражна постапка за уривањето на авионот „цесна“ кај Солунска глава на 2 април кога загина четиричлено семејство од Бугарија.

Софиското обвинителство соопшти дека ќе бидат сослушани вработени во дирекцијата за конзуларни односи во бугарското МНР кои се запознаени со случајот, како и претставници на надлежните за цивилниот воздушен сообраќај во Северна Македонија, во врска со информациите за силна турбуленција и за изгубена контрола на пилотот врз воздухопловот, пренесува Бгнес.

Обвинителството ќе побара информации за спроведените експертизи во Северна Македонија, а се разгледува и можноста за дополнително утврдување на евентуален дефект на авионот.

Истрага за авионската несреќа почнаа и надлежните во Северна Македонија. Формирана е комисија за истражување на несреќата во која покрај претставници на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти – КИНСИВ, ќе бидат ангажирани и надворешни експерти од доменот на цивилното воздухопловството. Во координација со властите во Софија, договорено е дел од комисијата да бидат и двајца бугарски истражители.

Би можело да ве интересира

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во базата Безмер

Радев ја отфрла поканата на Макрон: Бугарија нема да се приклучи на „Коалиција на подготвените“

Србин убиен во Бугарија – неговото тело е пронајдено покрај камион

А1он

Нов бран закани со бомби низ цела Бугарија, евакуирани се судовите и јавните институции

Баба и дедо се удавија во реката Струма во обид да ги спасат внуците – потрагата по двете деца сè уште трае

А1он