Мицкоски со честитка за Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

„Дозволете ми, во мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ, на сите припадници на ромската етничка заедница, да Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

На овој ден Република Македонија ја одбележува културната специфичност и традиција на ромската заедница која е една од најстарите на нашата територија.

За нас, Ромската заедница е нераскинлив дел од македонското мултирелигиско, мултијазично и мултиетничко општество.

Како во минатото така и во иднина ВМРО-ДПМНЕ напорно ќе се залага за унапредување на социо-економскиот статус, политичката и културната позиција на Ромите во општеството.

Потребна е поголема поддршка за подобрување на социјалната, економската и севкупната положба на Ромите во Република Македонија, бидејќи само со инклузија на Ромите ќе ги надминеме предизвиците со кои се соочуваат Ромите денес во Република Македонија.

Цврсто сум убеден дека во иднина ќе го продолжиме со концептот на почитување на сите заедници во државата и одржување на стабилно и одржливо мултиетничко општество.

Искрено, на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства.

Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!“, се вели во честитката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Денот на албанската азбука, симбол на образованието и напредокот на албанскиот народ

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари – граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Мицкоски: Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација

СДСМ: Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб

Горан Наумовски

Мицкоски: Условите што утре ќе ги договориме со банките не зависат само од мене