Израелскиот премиер најавува анектирање на населбите на Западниот Брег

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ако во вторник освои нов мандат на изборите, ќе ги анектира населбите во окупираниот Западен Брег.

Во интервју за израелската телевизија Канал 12, Нетанјаху одговори на прашањето зошто не го прошири суверенитетот на Израел за да ги зголеми населбите на Западниот Брег, како што беше направено во источен Ерусалим и на Голанската Висорамнина.

– Кој вели дека нема да го направиме тоа ? Ние сме на тој пат и разговараме за тоа. Ако прашате дали ќе тргнеме во следната фаза, одговорот е да. Ќе го проширам израелскиот суверенитет и јас правам разлика меѓу населбите блокови и изолираните населби, рече Нетанјаху.

Двајцата најголеми ривали на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на почетокот од оваа година објавија дека одлучиле да ги здружат силите и да ги обединат своите партии од левиот центар, што претставува вистински политички аларм пред израелските избори закажани за 9 април.

Новата партија на поранешниот командант на израелската армија, Бени Ганц и партијата Има иднина (Јеш Атид) на Јаир Лапид, се согласија да се натпреваруваат заедно, а им се приклучи и уште еден поранешен началник на Генералштабот, Габи Ашкенази, јавија израелските медиуми.

Тоа е драматичен потег што ја создаде првата кредибилна алтернатива на владеењето на Нетанјаху, кое трае една деценија, коментира Ал Џезира.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци