Акција на „Пролетно Чистење и уредување“ во Штип

Од:

Денеска во рамките на програмата за работа на локалната самоуправа во населбата Македонка се одржа акција на „Пролетно чистење и уредување”.

Оваа акција беше спроведена од јавните претпријатија и од граѓаните на оваа урбана заедница, а исто така беше посетена и од градоначалникот Бочварски.

Се чистеа зелените површини, се уредуваа дрворедите и зелените садници, јавното претпријатие Стипион работеше на бетонирање на пешачката патека која беше тешко проодна и беше голем проблем за граѓаните кои минуваа во тој дел од населбата.

Општина Штип и јавните претпријатија ќе продолжат со ваквите активности, со цел поубави и почисти заедници.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски