Лавров: Кризата во Либија е резултат на мешањето на НАТО

Од:

Либиската криза е резултат на директното мешање на Северноатлантската алијанса, што предизвика хаос во земјата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во интервју за египетскиот весник „Ахрам“.

– Долгогодишната криза во Либија е директна последица на нелегитимното воено мешање на НАТО. Како резултат на тоа, државата западна во хаос, стана извор на регионална нестабилност, расадник на тероризмот, рече Лавров.

Тој додаде дека Москва ги поддржува напорите на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Гасан Салама, за спроведување на планот за нормализација на состојбата, што подразбира одржување на започнатите избори и уставни реформи.

Конференцијата за национално помирување во Либија ќе се одржи од 14 до 16 април.

Лавров нагласи дека враќањето на државноста во земјата треба да помине низ дијалог и дека Русија и Египет ги координираат напорите за решавање на состојбата во Либија.

– Наша задача е да им помогнеме на Либијците да ги надминат постоечките несогласувања и да постигнат стабилен договор за параметрите на национално помирување, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски