Запалени стрништа на патниот правец Црник – Пехчево

Од:

Покрај евидентираните повеќе од 70 пожари од почетокот на годинава во беровско и пехчевско, не престанува појавата на палење стрништа, што е една од најчестите предизвикувачи на огнени стихии.

Последното палење стрништа денеска е забележана на патниот правец Црник – Пехчево, што беше причина надлежните повторно да апелираат под итно да престанат ваквите појави.

– Пожарите најчесто се резултат на палењето стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари, брзо ги зафаќаат и шумските површини.

Поради палењето на стрништата, често гори и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост.

Поради тоа под итно апелираме оваа појава да престане, бидејки пожарите во изминатите 30 дена направија пустош во Малешевијата, велат од Територијалната противпожарна единица Берово, од каде најчесто ги гаснат пожарите и во делот на пехчевскиот регион.

Поради ваквите појави кои преовладуваа во текот на март, заседаваа и кризните штабови, од каде беше посочено дека само со казни за сторителите, може да се одбегнат пожари од поголеми размери.

Пожарите во март во Малешевскиот регион се незапаметени во поновата историја. Претходниот месец само на подрачјето на Беровско се гаснеа над 50 пожари во кои изгоре над 2.000 хектари шума.

Би можело да ве интересира

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни

ЦУК: Активни се четири пожари, а три се под контрола

Горан Наумовски

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on