КСС утре со исти барања на нов протест во Куманово

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (ККС) утре на нов протест во Куманово ќе ги повтори барањата за зголемување на платите во јавниот сектор од 1 јануари согласно покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор.

– Изминатата година излеговме јавно, на протести и на прес-конференции и се обидовме да ги решиме нашите барања кои се сосема легитимни. Минималната плата во изминатата година ипол е зголемена за 25 проценти, а платите во јавниот сектор во одредени дејности се зголемени за пет проценти, а во одредени дејности не се покачени, истакна денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски, додавајќи дека платите во јавниот сектор се социјална категорија.

Од КСС уште еднаш повторија дека се против трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор.

Најавуваат дека ќе продолжат со нивните активности и за време на претседателската кампања. Притисокот од членството, како што рече Ралповски, е се поголем и се бара генерален штрајк.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

Владата воведува работно време од 72 часа во текот на една недела како пред 137 години – жестока реакција на синдикатите

Првомајски протестен марш на КСС: Лошата состојба на работниците и понатаму непроменета

Ана Ололовска

Првомајски протести на синдикатите: „Работниците се државата“