Две лица од Албанија и од Косово депортирани во нивните матични земји

Од:

Две лица од Албанија и од Косово кои непријавено претстојувале во Тетово вчера биле приведени во полицијата, а потоа депортирани во нивните матични земји, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

При полициската контрола спроведена вчера околу 1 часот и 30 минути во возило на тетовска компанија „Арбекс“ била затекната, а потоа и приведена албанската државјанка Д.С(23) која непријавено престојувала на подрачјето. Нешто подоцна во 8 часот и 50 минути запрено е возило „Форд фиеста“ со тетовски регистерски таблици што го управувал косовскиот државјанин М.К(54) кој исто така не поседувал соодветни документи по што и тој бил приведен.

– Во текот на попладнето и двајцата биле депортирани во Албанија односно Косово, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски