А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Собраниска делегација на 140. Собрание на ИПУ

by А1он05/04/2019 - 10:59110
Share0

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија ќе учествува на 140. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи од 6 до 10 април 2019 година во Доха, Катар.

Добивај вести на вибер

Делегацијата ја сочинуваат: Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и шеф на Делегацијата, Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Ејуп Алими, Африм Гаши и Јулиана Николова, членови на Делегацијата, и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија. Се очекува на ова Собрание на ИПУ да учествуваат околу 1.600 претставници од над 160 земји членки на Унијата, како и повеќе од 80 претседатели на парламенти.

Главна тема за дискусија на 140. Собрание на ИПУ е „Парламентите како платформи за подобрување на образованието за мир, безбедност и владеење на правото“. Комисиите на ИПУ ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: недопустливоста за користење на платеници како средство за поткопување на мирот и кршење на човековите права; улогата на правичната и слободна трговија и инвестициите во реализацијата на Целите за одржлив развој (ЦОР), особено во полето на економската еднаквост и одржливата инфраструктура, индустријализација и иновација; постигнување на универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламетите за гарантирање на правото на здравје; парламетарно следење на ЦОР и сл.

Во рамките на 140. Собрание, ќе се одржат и седници на „Форумот на жени парламентарки“, „Форумот на млади парламентарци“ и „Здружението на генерални секретари на парламенти“.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен