Дачиќ и Тачи утре во Брисел ќе разговараат за институциите на северот на Косово

Од:

Петата рунда од политичкиот дијалог под патронат на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон почнува утре во Брисел, а главна тема ќе бидат институциите на северот на Косово и статусот на офицерите за врска во Белград и Приштина.

Премиерите на Србија, Ивица Дачиќ, и на Косово, Хашим Тачи, ќе се состанат утре околу пладне, прво одвоено со Ештона, а потоа на заеднички ручек, по што дијалогот и формално ќе почне, дознава Танјуг од Европската комисија.

Служебник на ЕК кој побара анонимност, изјави дека е сосема веројатно дека заради сложеноста на проблематиката разговорите ќе продолжат и во среда.

-Ова ќе биде досега најтешката рунда, рече овој функционер на комисијата.

Претходно и од Белград и од Приштина беше најавувано дека оваа рунда примарно ќе биде насочена на прашањето на институциите на северот на Косово што Приштина ги нарекува паралелни, а тоа се пред се судовите, даночната управа и безбедносните структури.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица