Жерновски: Ќе продолжиме да работиме на почитување на правата на етничките заедници

Од:

Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски се сретна со високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, амбасадорот Ламберто Заниер, кој престојува во дводневна посета на Република Северна Македонија.

Жерновски, како што пренесува Министерството за надворешни работи, истакнал дека државата ќе продолжи активно да работи на почитување на правата на сите етнички заедници.

Двајцата соговорници размениле мислења за активностите во сферата на унапредувањето на правата на припадниците на немнозинските заедници, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, но и за најактуелните прашања на агендата на ОБСЕ.

Заменик-министерот Жерновски информирал за реформските активности насочени кон интеграцијата во НАТО и ЕУ, за изгласаниот Закон за заштита од дискриминација, за подготовката на новата Стратегија за едно општество за сите, како и за постапката на формирање на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Интеграцијата во НАТО и ЕУ не обединува и по етничка основа, го прави нашето општество посилно, а нашите институции постабилни. Овој проект е далеку поважен од меѓупартиските битки бидејќи претставува влог за просперитетна и стабилна иднина за сегашните и идните генерации, истакнал Жерновски на средбата.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија