Пилотот самиот го прави планот на летање, нема информации зошто летал над Солунска глава. Ова го изјави првиот човек на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Зоран Илиевски. Тој денеска пред новинарите ги соопшти деталите за авионската несреќа што во вторникот се случи кај Солунска Глава и информираше дека увидот на местото на несреќата е завршен.
Илиевски истакна дека се направени професионални фотографии и снимки со дрон што кои треба да помогнат за понатамошната истарга, за утврдување на причините за несреќата. Веќе е формирана комисија со тројца претставници од Комитетот, а дополнително ќе се ангажираат и надворешни експерти, потенцира Илиевски, и додаде дека истрагата ќе се води во соработка со Центарот за воздухопловни истраги од Бугарија. Веќе воспотавиле комуникацџија и има двајца истражители кои ќе бидат на располагање.
„Наша прва дејност е истрагата, целта е да дојдеме до причините за несреќата. Втората дејност се препораки за превенција како да не дојде повторно до таква несреќа. Неблагодарно е да влезам со претпоставки, се додека не се анализирани сите податоци и примероци од авионот“, изјави првиот човек на Комитетот.
Илиевски кажа дека е земен примерок од горивото кој треба допрва да се анализира во акредитирана лабораторија и се чекаат податоци за целиот иосторијат на воздухопловот, односно дали имал претходно инциденти, и дали летал над Македонија.
Во однос на сите информации објавени во бугарските медиуми дека на авионот не му било дозолено да слета на аеродром поради посетата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, Илиевски рече дека немало ситуација некој да не добие дозвола за слетување ако пријави лоши временски услови и турбуленции и го повтори ставот на М-НАВ дека пилотот добил дозвола за слетување во Скопје, но самиот одлучил да го смени барањето и да продолжи кон Софија.
Во авионската несреќа загинаа Георги Бошнаков, кој го управувал авионот, неговата сопруга Калина и нивните ќерки и Гергана и Билјана.
Галена Николовска-Ризвановиќ