Полска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Од:

Полскиот парламент денеска го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.

Во образложението на Законот за ратификација на Протоколот, се вели дека приемот на Северна Македонија во НАТО ќе придонесе за стабилизирање на Балканот и ќе помогне за продолжување на реформите во тој дел на Европа. Влезот на Северна Македонија во НАТО, се нацедува во законот, е и потврда дека вратата на Алијансата останува отворена, за што Полска силно се залага.

Полска е десетата земја што го ратификува Протоколот. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија и Данска.

Земјите членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување на Северна Македонија во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО и ЕУ станаа дел од меѓународните терористички активности

Пентагон започна ревизија на силите во Европа, во фокусот е Кина

Предраг Петровиќ

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација

Полски министер го обвини Навроцки дека лаже: Знаеше за испораките на ракети „Патриот“ во Украина

Приправничка во НАТО уапсена во Белгија поради шпионажа, се сомневаат дека работела за „трета земја“

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија нема да дозволи присуство на сили на НАТО во Украина

Горан Наумовски