Помпео: НАТО го стабилизира Западен Балкан

Од:

Државниот секретар на НАТО, Мајк Помпео на приемот во Вашингтон по повод 70-годишнината од формирањето на НАТО, оцени дека Алијансата на Балканот се соочила со етнички судири, но во тој регион донела стабилност.

Тој наведе дека „повторно и повторно, Европа и Северна Америка служеле под исто знаме поради сита цел – слобода и демократија, одвраќање на Советскиот Сојуз, донесување на стабилност на Западен Балкан, борба против тероризмот во Ирак и во Авганистан“.

– Се менуваме додека се менува светот околу нас. И додека гледаме заедно кон светот што е помалку предвидлив, продолжуваме да се држиме рамо до рамо, инвестирајќи уште повеќе во одбраната, модернизација на нашата Алијанса, одговарање на утрешнината во кибер просторот, посочи Помпео.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски