ВИДЕО: Иницијативата против задолжителна вакцинација одложена за после избори

Од:

Граѓанската Иницијатива против задолжителна вакцинација доставена до Собранието ќе се разгледува после изборите. На денешната седница на Комисијата за политички систем иако веше ставена на дневен ред, истата се одложи поради немање кворум за работа. Пратеникот Чедомир Саздовски кој ја водеше седницата образложи дека е изборен период и дека иницијативата ќе се разгледува на 6 или 7 мај.

Подносителите на иницијативата бараат измени на законот за здравствена заштита од заразни болести, со што наместо задолжително, бараат вакцинирањето да биде по избор на родителот.

„Ние не сме против вакцинирање, не е точно дека сме антиваксери, туку сметаме дека треба родителот сам да одлучува“, вели Елена Павлеска.

Подносителите на иницијативата не сакаа да кажат зошто законските измени ги бараат во време на епидемија на морбили и како би се спречило ширењето на заразните болести ако родителите изберат да не ги вакцинираат децата.

„Не сме тука да дискутираме за и против вакцините“, одоворија од иницијативата на која се потпишале 129 граѓани. Според нивното образложение, родителите се сомневаат во безбедноста и квалитетот на вакцините, потеклото, рокот и производителот, па оттука сметаат дека вакцината треба да е право на избор.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Демири: Ако треба, ќе се донесат законски измени за казнување лица кои поттикнуваат кампањи против вакцинација

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство