Река: Мојата кандидатура има симбол на сојузот на Албанците, не прифаќајте штетни понуди

Од:

Мојата кандидатура го носи симболот на единството на Албанците, а тоа го покажува и зборот што јас го употребувам „сојуз-беса“ што произлегува од двата политички субјекти кои ја поддржуват мојата кандидатура, рече пред граѓаните на Арачиново, Блерим Река, претседателскиот кандидат поддржан од партиите Алијанса за Албанците и Беса.

Тој во средбата со граѓаните на Арачиново ги повикува гласачите да гласат за неговиот концепт „Република за сите“ затоа што, како што вели, со тоа тие веќе нема да бидат граѓани од втор ред.

– Партиите што се на власт нудат општество за сите, но ние сакаме држава за сите, а денес државата не е за секого, рече Река и повика да не прифатат понуди кои се штетни за Албанците.

– Ние не треба да станеме машина за гласање, вие имате моќ да изберете за кој сакате да гласате: за вашиот брат или за вашиот сосед, рече Река.

Во средбата со граѓаните на Арачиново присуствуваа и лидерите на двете подржувачки парти Алијансата за Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами.

Села, истакна дека се решителни да изградат здрав систем на управување, заедно со гласовите на Албанците.

Лидерот на Беса, Касами рече дека многу е важно во оиве избори да се поддржи албански кандидиат.

– Доста веќе покажеме дека сме Европејци гласајќи ги другите. Време е другите да покажат дека се Европејци и да гласат за кандидиат Албанец, како што е проф. Блерим Река. И Река не е во оваа трка, бидејќи е Албанец, туку затоа што тој во секој поглед е подобар кандидат од другите двајца кандидати, рече Касами.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада