Мартин Нешкоски, Никола Младенов, Никола Саздовски – Саздо, Мартин Јанушев, пресудата за 27 април беа дел од случаите кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги спомена на денешниот митинг во Неготино.
„Го споменуваа новинарот Никола Младенов и велеа: овој човек не загина трагично во сообраќајна несреќа, овој човек е убиен, ние имаме материјали и тие материјали ќе и ги презентираме на македонската јавност. Злоупотребуваа, крвнички злоупотребуваа човечки несреќи, за да години потоа ја видиме сопругата на тоа реномирано новинарско перо, како вели дека нејзиниот сопруг поради неприлагодена брзина, истото она што го тврдеше тогаш и полицискиот извештај. И нормално деспотот молчи го нема да излезе и да и се извини на македонската јавност затоа што ја манипулираше, а ја манипулираше само со една цел да дојде на власт, ништо повеќе, за повеќе привилегии, за повеќе моќ. Се сеќавате на трагично загинатиот Мртин Нешковски, премиер стана на тој случај, а денеска се кладам, убеден сум, дека не знае како семејството Нешковски први до први скрпува да преживее“, рече Мицкоски.
Осудените за „крвавиот четврток“ Мицкоски ги нарече „патриоти, луѓе кои што погрешиле само затоа што си ја сакале сопствената држава“.
„Тие денеска се затворени со казна затвор со повеќе од два века. А истовремено терористи кои што се повратници од боиштата од Сирија добиваат казна од 6 години, три пати помала од нашите браќа патриоти, зашто, само затоа што згрешиле бидејќи си ја сакале сопствената држава. Тоа е нивната казна минимум два века. Мојот помал син Антонио има 3 години, ќе има 9 кога претпоставувам очи во очи ќе се сретне со некои од овие од ИСИС кои штотуку ја добиле својата казна, а ќе треба да чека уште 12 години да чекаме да ги видиме нашите браќа кои добија казна минимум 15 години а имаат 18“, рече Мицкоски пред жителите на Неготино.
За химната која не беше пуштена за време на вчерашното гостување на грчкиот премиер Алексис Ципрас, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша, каков е тој пријател ако не почитува тоа што си?
„Не направија како во резерват овдека во 25.000 квадратни километри и тој барем во овие 25.000 квадратни километри каде што треба да се гордее да вика да пее и да игра на македонска песна и на македонски ора, се срами да ја пушти македонската химна“, рече тој.
Мицкоски побара од жителите на Неготино да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова за претседател велејќи дека тие не се тука „ниту за жолтици ниту за дворци“, за разлика од нивните опоненти кои се интересираат само за „пусти пари и за да врват тендерите на семејството“.
„Во Европа бараат честити луѓе, луѓе кои не се аболирани за сторен криминал, луѓе кои што не договараат тендери во четири очи, луѓе кои не се срамуваат од сопствената нација, луѓе кои си ја сакаат и работат за државата“, рече Мицкоски.