Одрон ја оштети бараката пред пештерата на Тито во Дрвар

Од:

Пештерата на Тито во босанскиот град Дрвар е затворена за посетители на неопределено време, откако одрон ја оштети дрвената барака што се наоѓа пред неа.

Одронот уследи по неколкумесечните врнежи во тој дел од Босна и Херцеговина, поради кои кон крајот на јануари на подрачјето на Дрвар беше прогласена елементарна непогода.

Пештерата е дел од Спомен-комплексот „25 мај“, кој е еден од главните извори на приходи во општинската каса, но како што изјави градоначалничката на Дрвар, Душица Руниќ, Општината се наоѓа во многу тешка финансиска состојба и нема средства да ги санира штетите од одронот.

Пештерата годишно ја посетуваат меѓу пет и десет илјади туристи.

Оваа пештера е едно од најзначајните историски места на партизанската епопеја во текот на Втората светска војна, каде престојувал Јосип Броз Тито кога на 25 мај 1944 година германските сили извршиле десант на Дрвар, во обид да го заробат или ликвидираат врховниот командант на партизанските единици.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никогаш не сум бил љубител на комунистите, но гробот на Тито останува во Белград

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Лопушина: Путин не може да има двојник, имаше Тито, а на ВМА се направија шест двојници на Хусеин

Предраг Петровиќ

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Кенет Каунда, херој на Замбија и другар на другарот Тито, почина на 98 години

Жарко Настоски

Четириесет и една година од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска