Вардар се пласираше во финалето на СЕХА лигата

Од:

Вардар се пласираше во финалето на СЕХА-лигата откако вечерва го совлада домаќинот Мешков во Брест во полуфиналето со 25-23 (14-10).

„Црвено-црните“ имаа солидна предност на полувремето од +4, предводени од одличниот денес Милосављев на голот. Во вториот дел сепак домаќините заиграа поцврсто во одбраната, по што тимот на Гарсија Парондо не постигна гол цели пет минути. Судиите, пак, со неколку чудни одлуки им овозможија на ракометарите на Брест да направат дури пресврт (18-19) на средината на второто полувреме.

Вардар сепак ја консолидира играта и ја искористи предноста од играч повеќе откако Шумак доби црвен картон за грубиот прекршок врз Игор Карачиќ.

По водство на Мешков од 20-21, македонскиот тим направи серија од 3-0 и поведе со два гола разлика (23-21). Во последните минути пресуди квалитетот кој беше на страната на нашиот тим, а на крајот вардарци победија со 25-23 и се пласираа во ново финале во СЕХА лигата.

Стојанче Стоилов беше најрасположен со вкупно 7 постигнати голови, следен од Даинис Кристопанс со 5 погодоци, додека Дејан Милосављев натпреварот го заврши со 15 интервенции.

Ова ќе биде седмо финале за Вардар во регионалното натпреварување. „Црвено-црните“ имаат шанса да испишат нова историја во СЕХА, откако може да станат првиот тим кој три години по ред го освоил пехарот.

Ривал на вардарци во утрешното финале ќе биде екипата на Загреб, кој немаше проблеми против Нексе и го совлада со 28-23. За Загреб ова ќе биде трето финале во регионалното натпреварување.

Натпреварот се игра утре со почеток од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ