Богатите Нигеријци нарачуваат пијалоци од Лондон кои им ги испорачуваат со авион

Од:

Некои богати Нигеријци нарачуваат пијалоци од Лондон, а доставата ја врши авиокомпанијата „Бритиш ервeјс“, изјави нигерискиот министер за економија Ауду Огбех.

– Дали знаете дека има Нигеријци кои телефонски нарачуваат пијалоци од Лондон. Нарачуваат во Лондон, а потоа наутро доаѓаат на аеродром да ги подигнат. Тоа е неверојатно, но мораме да направиме се за тоа да не стане рутина на богатите, истакна Огбех.

Тој изјавата ја даде во момент кога Министерството за економија се обидува да ја намали зависноста од увоз, која се одразува на локалните земјоделци.

Во Нигерија граѓаните го сметаат увозот како статусен симбол. Некои луѓе увезуваат ориз, домати, тестенини…, бидејќи сметаат дека на тој начин го покажуваат својот „статус“ дека користат само увезени производи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он