Милошоски: СЈО треба да биде дел од Државното јавно обвинителство, но без повластен статус

Од:

Нашето мислење е дека Специјалното јавно обвинителство треба да биде дел од Државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други обвинители. Обвинителствата, како што се скопското Јавно обвинителство, и другите што се занимаваат со убиства, тежок криминал и други незаконити дејствија во Република Македонија имаат обврска и потреба исто така да добијат и буџетска поддршка и ресурси за нивната работа, изјави Антонио Милошоски денеска во Министерството за правда пред почетокот на преговорите за законот за јавно обвинителство.

Прашан дали ќе попуштат во нивните барања, Милошоски одговори дека менаџерот на процесот за постигнување на компромис е Министерството за правда и тие што треба да создадат атмосфера за компромис и наоѓање заедничко решение што Парламентот би го изгласал со консензус се власта и коалиционите партнери.

-Се надеваме дека министерката ќе најде менаџерски способности да ги убеди сите чинители во овој процес да стигнеме до заеднички компромис што нема да отстапува од позитивните прописи во Република Македонија и од судската пракса во Судот во Стразбур, изјави Милошоски.

Министерката рече дека треба да се види кој ги поддржува евроинтеграциските процеси, бидејќи законот го чека Брисел, а кој сака да го заштити криминалот кои делови од законот се спорни за кои обвини министерката дека се штити криминалот?

-Евроинтеграциските процеси и приближување кон Брисел го поддржуваат Оливер Спасовски и Емили Димитриев кои како власт и опозиција најдоа начин во рок од четири месеци да ги усогласат пакетот безбедносни закони. Тие кои задоцнија по однос на овој закон, како што беше министерката Дескоска, сметам дека тоа доцнење го направија намерно за евентуалното неизнаоѓање решенија да ни биде префрлено, како вина за неуспехот што Владата го очекува, рече Милошоски.

Инаку, продолжи тој, по однос на самиот закон, она што го споменав, многу ми е битно да нема еден закон да дерогира друг закон, имаме Закон за кривична постапка член 12 што ги упишува и доказите и прибирањата и нивното користење и цениме дека тој член не би требало да биде погазен со кој било друг член од друг закон и затоа сметаме дека министерката треба да го има предвид македонското позитивно законодавство и судската пракса од Стразбур, рече Милошоски.

Запрашан далиу неговата партија останува на ставот СЈО да биде дел од Одделението за организиран криминал, да има државен обвинител на предлог на опозицијата и да престанат истрагите по законскиот рок, Милошоски кажа „ВМРО-ДПМНЕ не инсистира опозицијата да предлага државен јавен обвинител. Тоа беше предлог на премиерот Заев. Доколку смета дека треба да го исполни има мнозинство и нека го исполни. Доколку смета дека и во иднина државниот обвинител треба да го бира власта, нека остане така засекогаш, работите се менуваат за брзо време“.

Би можело да ве интересира

Милошоски: РЕК Битола – душманско крадење преку „РУД Коп ДООЕЛ”, „Марковски Компани” и „Дигер ДОО”- Битола

Горан Наумовски

Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Милошоски: Владата се брза да протне уште стотина свои обвинители и судии, бидејќи знае дека е во заминување

Милошоски го спасија измените на кривичниот законик: Нема да одговара за злоупотреба на службена положба во „Моќник“

A1on

Милошоски до Маричиќ: Кога си неизживеан вицепремиер, умислен мачомен и без срам провоцираш жена, сопруга и пратеничка со недоличен сексизам

A1on

(ВИДЕО) Милошоски: Ковачевски и Ахмети преговараа амнестија со Груевски