Венецуелскиот претседател Уго Чавес објави на Твитер дека се вратил во Каракас, два месеца откако во Куба беше опериран и лекуван од рак.
– Се вративме во татковината. Ти благодарам, Господе. Ти благодарам мој сакан народе. Продолжуваме тука со лекувањето, напиша Чавес на Твитер.
Претседателот е примен во Воената болница во Каракас, потврди на Твитер еден од венецуелските министри.