Верстапен: Не заслуживме подиум во Бахреин

Од:

Пилот на Ред Бул, Макс Верстапен, се осврна на трката Големата награда на Бахреин. Тој го освои четвртото место, пред него беа Хамилтон, Ботас од Мерцедес и Лекелер од Ферари.

Верстапен најверојатно ќе завршеше на подиумот пред Леклер доколку последните два круга на патеката не излезе безбедносното возило.

– Се разбира, ако не беше безбедносното возило на крајот на трката, би го престигнал Шарл (Леклер). Но, јас воопшто не сум вознемирен, бидејќи, со оглед на нашата моментална брзина, едноставно не заслуживме да се најдеме на подиумот. Нашиот автомобил беше многу чувствителен на ветровите. Со рамнотежата на шасијата имавме многу сериозни проблеми и тоа ни ја отежнуваше работата, рече Верстапен.

Следната трка од Формула 1 шампионот е по две недели во Шангај, Кина.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес