Според првичните официјални резултати од претседателските избори во Еквадор досегашниот претседател Рафаел Кореа освои 56,6 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат Гијермо Ласо освои 24 отсо.
Националниот избирачки совет соопшти дека по пребројувањето на 30,5 проценти од гласовита Кореа го освоил третиот претседателски мандат и оти нема потреба од втор круг од претседателските избори.
Никој од другите шест кандидати не освоиле повеќе од шест проценти од гласовите.
Кореа (48) првпат беше избран за претседател на Еквадор во 2007 година.