„Танц фест“ од 4 до 23 април

Од:

Под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“, од 4 април на повеќе сцени ќе се одржува 15. „Танц фест“. Фестивалот ќе биде отворен в четврток во МНТ со претставата „Идентитети“ на Скопје танцовиот театар и ќе биде доделена наградата „Менада“ за врвни остварувања во областа на танцот.

-Годинашнава програма е посветена на младите, современите танчари и нови кореографски имиња од нашава земја, со цел општеството да го препознае идентитетот кој го создадовме, како резултат на долгогодишното влијание на фестивалот и неговото значење за развојот на современата танцова сцена кај нас, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на „Танц фест“.

Покрај македонски, ќе учествуваат и селектирани млади кореографи од Франција, Холандија, Израел, Русија, Италија и Полска. Фестивалот ќе биде затворен на 23 април, со претставата од Кина – „Секвенци – минато, сегашност, иднина“.

Во рамките на фестивалот првпат ќе биде доделена и наградата „Менада“ за млад уметник, како поттик и признание за младите уметници.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска