ВМРО-ДПМНЕ: На 21 април граѓаните ќе се испратат СДСМ во темната историја на Македонија

Од:

„Македонскиот народ го прочита Зоран Заев и неговата влада. За сите лаги ќе го казнат.

Зоран Заев треба да знае дека македонскиот народ е честит, достоинствен, колку и да го корне, тегне, уништува тој повторно ќе изникне, тој е пиреј.

Правда отако СДСМ е на власт нема. Правдата денес не може да ја постигне ниту она распаднато СЈО, ниту пак Кацарска судството или Рускоска обвинителството. Тие се дивото месо на Заевизмот кои ја гушат правдата, и како куклен театар тој заевизам ги игра куклите.

Фирмите на Заев прават профит од 100 милиони евра годишно, а обичниот граѓанин се бори за парче леб. Кланот Заеви секојдневно ги шири своите бизниси во соседството, со цел да ги избегне погубни политики на власта која тој ја предводи,а истовремено илјадници млади граѓани на Македонија ја напуштаат државата.

Република Македонија мора да се врати на вистинската патека, на економски просперитет и добробит за сите граѓани, на црнилата предводени од Зоран Заев мора да им се стави крај.

Затоа на 21 април граѓаните масовно ќе излезат и ќе му порачат на Заев и на СДСМ дека се поразени и ќе се испратат во темната историја на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он