Најмалку 27 загинати при силна бура во Непал

Од:

Најмалку 27 лица загинаа, а над 400 се повредени при силна бура која ги зафати јужните делови на Непал.

Полицијата соопшти дека доцна вчера пороен дожд со грмотевици ги зафатил областите Бара и Парса во јужниот и централниот дел на Непал. Земјоделската област се наоѓа на околу 120 километри јужно од Катманду.

Во двата реона загинале 27 лица, но бројот на жртвите може да се зголеми. Повредените биле веднаш хоспитализирани.

Во невремето биле искорнати дрвја, како и електрични и телефонски столбови.

Секоја година стотици луѓе умираат во Непал за време на монсунските дождови, кои предизвикуваат поплави и лизгање на земјиштето од јуни до септември.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on