Хоџај: Таксите постигнаа ефект, треба да се укинат

Од:

Одлуката на Приштина да се воведе такса на производите од Србија и од Босна и Херцеговина, донесена во ноември минатата година, го постигна посакуваниот ефект, но треба да биде прекината за да не се нарушат односите со САД, изјави косовскиот заменик премиер, Енвер Хоџај, за косовската телевизија РТК2.

Според зборовите на Хоџај, ефектот на мерката ја постигнал својата цел затоа што ја погодил српската економија.

-Сепак, факт е дека данокот ги нарушува нашите односи со САД, им нанесува штета на нашите односи со ЕУ и го блокира дијалогот. Сметаме дека треба да се стопира данокот на период од 120 денови, што ќе овозможи конечен договор. Доколку тоа не се случи, тогаш треба да го вратиме данокот, изјави Хоџај.

Како што истакна заменик премиерот, во интерес на двете страни е да се продолжи дијалогот и да не се блокираат натамошните преговори меѓу Србија и Косово.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија