Командир на противпожарна единица: Пожарите се подметнати!

Од:

Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје, кој е познат и по тоа што ги спасуваше повредените лица во автобуската несреќа кај Ласкарци, преку статус на Фејсбук одговорно тврди дека пожарите што деновиве се шират низ речиси целата држава се подметнати.

„Сите, буквално сите пожари на отворен простор, најодговорно тврдам дека се подметнати. За причините во некоја друга прилика. Исто како и пластичните контејнери кои, статистички гледано, горат во Карпош и Центар во 90 % од случаите.

Реков дека во некоја друга прилика, може да кажам дали пожарите имаат политичка заднина? Дали тоа го прават дрвокрадците, земјоделците кои ги палат стрништата, па потоа тоа излегуца од контрола?

Поентата е дека во моментов Бригадата работи со намален број на луѓе кои прават натчовечки напори за да ги угаснат пожарите. Скоро половина од возилата се секој ден на сервис. Се троши огромна количина на гориво.
Возилата се уништуваат затоа што мора да се вози и по непристапни места.

Затоа, што повеќе полиција на терен( не инспектори).
Забрана за движење во шума.
Казни за секое запалено стрниште.
Ангажирање на чуварска служба, полиција, што и да е, на сите депонии.

П.С. За тоа време, додека сите се на терен за да гасат подметнати пожари, треба да знате дека може да се случи пожар на објект на кој повик ќе нема доволно луѓе и возила за пожарот да биде угаснат“, пишува Кочовски.

Би можело да ве интересира

Намерно се подметнуваат пожари на депонијата во Возбегово тврдат од Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Португалската полиција уапси 14 осомничени за подметнување пожари

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Четворица битолчани заработија кривични за предизвикување на пожари

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Пожарот во Мариово е ставен под контрола