Пожари низ цела држава, приведени две лица

Од:

Приведени се две лица од Охрид кои вчера предизвикале пожари на различни локации, соопштуваат од МВР. Вчера околу 10 часот на ул.„Гоце Делчев“, А.И.(35) од Охрид запалил сува трева во нива сопственост на неговиот дедо, при што се запалила покривна конструкција на куќа што се наоѓа во близината. Повредени лица нема, пожарот бил изгаснат од екипа на противпожарната единица, а сторителот бил приведен во полициска станица.

Истиот ден, околу 17 часот во Охрид бил пријавен пожар во село Ботун. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Б.С. (55) од Охрид запалил ѓубре во дворното место, а огнот се проширил и зафатил електричен столб, сопственост на ЕВН. Лицето било лишено од слобода и задржано во СВР Охрид за понатамошна постапка, а МВР против него најавува кривична пријава.

Од полицијата соопштуваат дека пожар завчера имало и во атарот над село Бајково, струмичко, во близина на напуштената караула „Бајково“ кој се активирал и се ширел до шумскиот пат што води од село Ново Коњарево до село Баделен. Центарот за управување со кризи, Територијалната противпожарна единица Струмица и Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица преземаат мерки за гасење на пожарот.

Локализиран бил и пожарот што вчера настанал кај населбата „Сирхан“, а се преземаат мерки и за гасење на пожарот во атарот на селото Љубанци, скопско, кој зафатил нискостеблеста шума.

Букова и дабова шума вчера горела и во атарот на селото Будинарци, беровско и се преземаат мерки за негово гаснење. Сува трева, бука и бор гореле и во селото Саса, Македонска Каменица и овој пожар, според МВР, е ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Пожарот на планината Готен се очекува да се приближи до селото Јаргулица, во зависност од насоката на ветрот

(ВИДЕО) Ангелов: Најтежок за гаснење е пожарот на планината Готен

Горан Наумовски

Поради пожари затворени се регионалниот пат во правец Свети Николе – Куманово и Г.П. „Меџитлија“

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

Полицајци спасија повреден припадник на АРМ на линија на пожар

Горан Наумовски

Гори голема површина во селата Облавце, Бељаковце, Стрезовце и Руѓинце, пожарот се шири кон Сув Ора

Горан Наумовски