Уште еден бомбашки напад се случи доцна синоќа во северниот дел на Косовска Митровица, во кој нема повредени, а нанесена е материјална штета. Фрлена била рачна бомба во двор на на косовски Србин, во етнички мешаната населба Бошњачко маало.
Косовската полиција заедно со припадниците на КФОР спроведуваат истрага и досега немаат конкретни сознанија кој би можел да биде сторителот на овој чин.
Ова е еден од многуте последни напади во Косовска Митровица, а во претходните имаше и повредени луѓе.