ВИДЕО: Спарс го повлекоа бројот на Џинобили

Од:

Еден од најдобрите странски играчи, кои настапувале по теренитена НБА беше испочитуван, од единствената организација за која играше во САД. Сан Антонио го повлече од употреба бројот 20, со кој Ману Џинобили ја бранеше честа на Спарс повеќе од 15 години.

Аргентинецот е деветтото име во клупската историја по Џони Мур (бр.00), Ејвори Џонсон (бр.6), Брус Боуен (бр.12), Џејмс Сајлас (бр.13), Тим Данкан (бр.21), Шон Елиот (бр.32) Џорџ Гурвин (бр.44), и Дејвид Робинсон (бр.50), на кој им се оддава слична чест.

Неповторлииот Ману ја прекина кариерата минатото лето, откако освои вкупно 4 титули на НБА, како дел од Спарси, на два пати играше во натпреварот на ѕвездите и еднаш беше избран за „Шести човек на годината“. Во 1.057 натпревари од регуларната сезона тој постигнуваше по 13.3 поени, 3.8 асистенции, 3.5 скока и 1.3 украдени топки, а во 218 дуели од плеј-офот се истакнуваше со 14,0 поени, 4,0 скока, 3,8 асистенции и 1,3 одземени топки.

198-сантиметри високиот Аргентинец беше избран од Спарс под бр.57 на Драфтот во 1999 година, а три лета подоцна заигра во НБА. Навивачите на трибините, како и играчите на домаќините беа облечени со специјални маици во чест на Џинобили, на кои пишуваше кратко и јасно „Gracias Manu“ (Благодарам, Ману!).

– Јас сум среќниот. ЈЕдноставно ми се погодија неверојатни карти. За мене остануваше да ги одиграм најдобрите. Тоа беше сè што требаше да направам, изјави Аргентинецот.

Џинобили е единствениот играч, освен Леброн Џејмс, кој има повеќе од 800 скокови, 800 асистенции и 300 тројки во плејоф кариерата. На церемонијата присуствуваа сите членови на семејството на Ману, како и голем број поранешни соиграчи од Сан Антонио и репрезентацијата на Аргентина.

Бекот се пошегува дека штом успеал да го натера Тим Данкан да носат сако, тој постигнал се што може некогаш да посака.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он