Гијермо Ласо, главниот опонент на претседателот на Еквадор Рафаел Кореа, го призна поразот на претседателските избори.
Ласо го призна поразот откако Националниот избирачки совет по пребројувањето на 30,5 проценти од гласовите соопшти дека Кореа освоил 56,7 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат Ласо освои 24 отсо.
Советот соопшти дека Кореа го освоил третиот претседателски мандат и оти нема потреба од организирање на втор круг од претседателските избори.
Ласо е поранешен гувернер на провинцијата Гуајас.
Никој од другите шест кандидати не освоиле повеќе од шест проценти од гласовите.
Кореа (48) првпат беше избран за претседател на Еквадор во 2007 година.