Земјите членки на НАТО го продолжија мандатот на Столтенберг до 2022 година

Од:

Земјите членки на Северноатлантската алијанса денеска одлучија да го продолжат мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг до 30 септември 2022 година.

Сојузниците ја изразиле нивната поддршка за работата на генералниот секретар за „прилагодување и модернизација“ на Алијансата, стои во соопштението на НАТО.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Столтенберг им се заблагодари на земјите членки за ваквата одлука преку Твитер.

Јенс Столтенберг е тринаесеттиот генерален секретар на Алијансата од 1952 година. Пред тоа тој беше премиер на Норвешка и лидер на норвешката Лабуристичка партија во неговата земја. Тој е син на поранешниот министер за надворешни работи на Норвешка и поранешен амбасадор на оваа земја во Југославија во раните 60-ти години на минатиот век, Торвалд Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски