Околу 500 лица се евакуирани и за сега нема повредени лица во пожарот што го зафати „Гранд Хајат хотел“ во Сингапур, соопшти противпожарната служба.
Се уште се испитува причината за пожарот, а огнот избил во кујната на ресторанот на вториот кат во хотелот.
Минатиот месец од еден сингапурски хотел беа евакуирани околу илјада луѓе поради пожар. И тогаш немаше повредени лица.