Силкеборг одигра за Металург

Од:

Ракометарите на Металург значително си ги зголемија шансите за освојување на второто место во Ц групата од Лигата на шампионите, откако вечерва во Данска, екипата на Силкеборг го победи Горење со 27:26 и му направи услуга на македонскиот шампион.

Горење е директен конкурент на Металург за втората позиција, а со евентуален скор од ист број бодови на крајот „металурзите“ ќе бидат подобропласирани поради подобриот ефект во меѓусебните дуели.

Токму Силкеборг следната недела во последното коло гостува во Скопје кај Металург, а нашиот првак со победа ќе биде сигурно втор во групата, независно од исходот на Горење со Киелце.

Тоа значи полесен противник во следната, елиминациска фаза и реванш на домашен терен.

Постигнати резултати  во 9.коло во групата Ц од Лигата на шампионите: Санк Петербург – Металург 14:32, Киелце – Шамбери 36:32 и Силкеборг – Горење 27:26.

Табела Ц група: Киелце 16, Горење 12, Металург 12, Силкеборг 8, Шамбери 2, Санкт Петербург 2.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП