Од понеделник, 1 април, секој посетител на Кинотеката кој ќе дојде со велосипед ќе добие бесплатна влезница за филмот што тој ден ќе се прикажува.
Целта на аакцијата е да се подигне свеста на граѓаните за грижа и чување на животната средина.
Акцијата ќе трае до крајот на април, а потоа велосипедистите ќе плаќаат 50 отсто од цената на влезницата.