Димитров во Грац: Преспа отстрани пречка во нашите односи со Грција, но изгради и мост кон ЕУ

Од:

За време на еднодневната работна посета на покана на Универзитетот во Грац, вчера министерот Димитров одржа предавање отворено за јавност, на тема „До Европа преку Преспа: Европската интеграција на Северна Македонија.“ Во таа прилика, министерот Димитров истакна: „Преспа отстрани пречка во нашите односи со Грција, но истовремено изгради и мост кон ЕУ интеграцијата на нашата земја. Со Преспанскиот Договор постигнавме нешто што Шуман, еден од идејните татковци на Европската унија би го опишал како “де факто солидарност преку конкретни дела”. Дополнително, Министерот Димитров зборуваше и за реформските чекори кои активно се преземаат на патот кон ЕУ интеграцијата.

За време на посетата на Универзитетот, Министерот Никола Димитров оствари средба и со ректорот на Универзитетот, Криста Нојпер, а тој одржа и неформална дискусија со академици и бизнисмени на која се осврна на реформските процеси, а особено на чекорите кои се преземаат во борбата против корупцијата.

На работната средба со државниот советник за економија, туризам, Европа, наука и истражување во локалната Влада на Штаерска, Барбара Ајбингер, беа разменети мислења за европската интеграција на земјата, како и можностите за реализирање конкретни проекти за продлабочување на целокупната соработка помеѓу регионот Штаерска и Република Северна Македонија. За време на престојот, во рамките на своите медиумски активности, МНР Димитров даде интервјуа за австриските медиуми, Клајне Цајтунг и Профил.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски