Светските емисии на јаглерод диоксид (ЦО2) кои произлегуваат од енергенсите забележале раст во 2018 година, според извештај на Меѓународната организација на енергија.
– Емисиите беа во застој помеѓу 2014 и 2016 година, плод на голем напредок во смисла на енергетската ефикасност и новите технологии, но динамиката се измени во 2017 и 2018 година, констатира Агенцијата во својот најнов извештај.
Додека побарувачката за енергија продолжила да расте, енергетските технологии не се развивале доволно брзо. Па така, минатата година, емисиите на ЦО2 од сите енергенси (нафта, гас, јаглен, обновлива електрична енергија и друго) се зголемиле за 1,7 отсто.
Главни виновници за оваа состојба се Кина, Индија и САД, кои се одговорни за 85 отсто од ова зголемување, додека Германија и Велика Британија, пак, бележат намалување на штетните емисии благодарение на инвестициите во зелени и обновливите енергии, на штета на јагленот. Подобрување е констатирано и во Јапонија, благодарение на повторното пуштање во употреба на нуклеарните реактори, како и во Франција преку интензивното производство на енергија на нуклеарните централи.
– Овие податоци уште еднаш покажуваат дека е потребна итна акција на сите фронтови, развивање на решенија за чиста енергија, истакна извршниот директор на агенција, Фатих Бирол.