Седници на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Иницијативата за надзорна расправа по Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, поднесена од пратеникот Панчо Минов, како и Предлог – законот за инспекциски надзор во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледаат Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации, како и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи.

Овие два предлог закони, како и Предлог – законот за инспекциски надзор во второ читање се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on