Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по вечерашниот состанок на Срската напредна партија кажа дека се уште нема дефинитивна одлука за распишување вонредни парламентарни избори, но и дека раководството на партијата е се поблиску до таквата одлука.
-Не донесовме конечна одлука, но сме поблиску до распишување избори од претходно. Претедателството со еден воздржан глас, односно без мене, донесе одлука дека треба да се распишат избори, изјави тој и кажа дека тие нема да бидат на есен, но постои можност да се распишат за јуни или пролетта следната година.
Вучиќ посочи и дека добил едногласна поддршка од партијата да не влегува во разговори со лидерите на Сојузот за Србија, Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ.
-Насилство нема да дозволам, а нема да прифатам ниту едно нивно барање. Им останува само да ме убијат. Што е трето решение? Нема трета варијанта, рече Вучиќ.