Брисел го казни „Најк“ со 12,5 милиони евра

Од:

Американската компанија „Најк“ доби голема казна од Европската Комисија поради тоа што попречувала продажба на брендирани производи во европската економска зона.

– Спорната рестрикција се однесуваше на производи на некои од најпознатите европските фудбалски клубови и федерации, за кои „Најк“ поседува лиценца, соопштија денеска од Европската Комисија.

Освен производството на спортски обувки, „Најк“ се занимава и со лиценцирање производи, најчесто станува збор за брендот на некој фудбалски клуб. Овие производи не се интелектуална сопственост на „Најк“, туку марката им доделува лиценци на трети страни, кои потоа добиваат право да ги комерцијализираат производите.

ЕК го казни „Најк“ во рамките на активноста на лиценцирање, прецизира прес-службата.

– Фудбалските фанови сакаат да имаат брендирани производи од нивните омилени тимови, „Најк“ спречуваше голем број од неговите клиенти да ги продаваат овие брендирани производи во други земји, што доведе до помал избор и повисоки цени за потрошувачите, ова е нелегално според правилата на ЕУ за конкурентност, изјави Маргрет Вестагер, еврокомесарката за конкурентност.

Компанијата ќе треба да плати 12,5 милиони евра за кршење на правилата на конкурентност на ЕУ.

ЕК ја намали казната на четириесет отсто поради тоа што „Најк“ соработувале со истрага.

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска