Шансите за смрт од метеор се околу 1 на 250.000, пренесува порталот МКД.мк. Поголема е веројатноста за смрт од земјотрес, торнадо, поплави, авионска несреќа или од автомобилска несреќа, но помала е веројатноста да ве убие гром.
Повеќето астероиди согоруваат во атмосферата долго пред да ја погодат Земјата, а малкуте кои ќе успеат да се пробијат најверојатно ќе паднат во океан или во некој ненаселен дел на Земјината топка.
Во текот на својата историја од 4 илјади милијарди години, Земјата била погодена од милиони астероиди, од кои голем број биле поголеми од 1 километар во дијаметар и способни за големи штети.
Но повеќето од овие астероиди удриле во раната историја, кога Сончевиот систем бил млад и непријателските вселенски карпи биле многу почести. Во денешно време не се очекуваат такви силни удари почесто од еднаш на секои неколку милиони години.